373
Поранешниот службеник на Агенцијата за национална безбедност на НСА, Едвард Сноуден, наскоро ќе поднесе барање за руско државјанство.
Ова го потврди неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
„Тој ги подготви сите потребни документи и наскоро ќе биде покрената постапка за добивање руско државјанство“, рече Кучерена, пренесе Тасс.
Кон крајот на октомври, Сноуден доби неограничена дозвола за престој од руските власти.
Како службеник на Американската агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден во 2013 година објави строго доверливи податоци за методите на електронско набљудување што ги користи американската разузнавачка служба, вклучително и нелегално прислушување на странски лидери.