Сноуден: Надзорот од 2013 година е детска игра во споредба со денешната технологија

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот советник на ЦИА, Едвард Сноуден, кој пред 10 години обелодени тајни документи кои покажуваат постоење на голем број проекти за тајно следење, во интервју по 10 години во егзил изјави дека надзорот во 2013 година е „детска игра“ во споредба со денешната технологија.

Сноуден предупреди дека денешната технологија за следење е многу понапредна и понаметлива од онаа што ја користеле американските и британските разузнавачки агенции, а која тој ја откри на 9 јуни 2013 година.

Тој за „Гардијан“ изјави дека не се кае за тоа што го направил.

Слични содржини