Директорот на ЦИА пристигна во Каиро на разговори за примирје меѓу Израел и Хамас

од Илинка Илиоска

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс пристигна денеска во египетската престолнина Каиро за да разговара за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Појасот Газа, соопштија египетски безбедносни извори, како и неименувани извори од аеродромот во Каиро.

Египет, заедно со Катар и САД, ги предводат напорите за постигнување договор меѓу Израел и палестинскиот Хамас, објави Ројтерс.

Делегација на палестинското движење Хамас во четвртокот објави дека ќе го посети Египет за понатамошни преговори за прекин на огнот со Израел.

Во соопштението се додава дека лидерот на Хамас Исмаил Ханије го потврдил „позитивниот дух на групата во проучувањето на предлогот за прекин на огнот“ во телефонски разговор со шефот на египетското разузнавање Абас Камел.

Слични содржини