407
Во своето гостување во Студио 10, Зијадин Села споменувајќи ги случувањата од 27. април, посочи дека секогаш се борел и ќе продолжи да се бори за праведна држава, но не онаква каква што е денес.
„Мене не ми треба „извини“ ниту од Мицкоски ниту од било кого“, потенцираше Села.
Истакна и дека неговата сатисфакција ќе се однесува на законот за употреба на јазиците, и за она што смета дека треба да се залага како најголема албанска партија во опозицијата.