На денешното рочиште за „Меѓународен сојуз“ од судница беше отстранет првообвинетиот, Бојан Јовановски.
Откако прво беше опоменат од судијката за недолично однесување, истата одлучи да биде остранет од судницата.
„Заради нарушување на редот во судницата и крајно навредување, и непочитување на судот, обвинетиот Бојан Јовановски се отстранува од судница“,посочи судијката Софче Гаврилова-Ефремова.
Инаку, претходно таткото на Јовановски исто така беше остранет од судницата од причина што попречувал презентација на доказите.
На денешното рочиште беа презентирани пораките кои си ги разменувале Бојан Јовановски и премиерот Зоран Заев.. Поточно, се презентираше и “What’s App” комуникација меѓу обвинетиот Јовановски, Заев и поранешниот пратеник Александар Кирацовски. Презентираните докази (разговори) според обвинителката Гаврилова, се од 2017 година.
Во една од презентираните пораки кои ги читаше обвинителката, јавноста имаше можност да види како обвинетиот Јовановски, преку порака го контактира премиерот Заев, при што бара да одвои време за една средба.
За потсетување, обвинети во судскиот предмет „Меѓународен сојуз” се: Бојан Јовановски – Боки 13, како првообвинет на кого му се суди за кривичните дела Измама и Перење пари, односно за истите дела и се суди и на обвинетата Јасна Ерцеговиќ. Третообвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски и таа се сомничи за кривичното дело Измама. Други обвинети во овој предмет се Христина Блажевска и таткото на првообвинетиот, Миле Јовановски, а кој денес беше отстранет од судница заради попречување на доказната постапка). Како и правното лице ,,Меѓународен сојуз Скопје”.