Ангелов: Нема простор за паника, болеста е под контрола

178 прегледи

Приморани сме да ги користиме и капацитетите од приватните здравствени установи, доколку се зголеми бројот на болни од Ковид 19 и притисокот врз болниците.

Како Главен штаб, ќе донесеме одлука за ангажман на приватните здравствени установи за поддршка на јавното здравство. Потоа се склучуваат формалните договори околу начинот за исплата на трите приватни здравствени установи „Ремедика“, „Систина“ и Клиниката Жан Митрев, информира на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

Како што вели директорот, по неколку часа може да заврши склучувањето на договорите со приватните установи, но нема паника вели, бидејќи информациите говорат дека болеста е под контрола.

„Или имаме многу благ раст или воопшто нема раст во одредени денови, така што може да проектираме дека во следните неколку денови, ќе имаме доволно болнички капацитети и секој пациент ќе биде згрижен во некој од ковид центрите низ државата“, изјави Ангелов.

Ангелов, на новинарско прашање зошто се бара продолжување на кризната состојба за шест месеци, Ангелов како директор на ЦУК, раководител на групата за проценка, како член на управувачкиот комитети и како раководител на Главниот штаб, како што нагласи, е длабоко убеден дека кризната состојба треба да биде продолжена затоа што нуди механизми кои кога не би била кризната состојба не би им биле ставени на располагање.

„Доколку не е прогласена кризна состојба, ние не можеме и не смееме да разговараме со приватните здрвствени установи под овие услови, како и со МО за учество на Армијата како поддршка на полицијата, но и за учество на армискиот болнички персонал во поддршка на здравството. Има 12 доктори и 20 сестри кои се вклучени во борбата против Ковид – 19 во јавното здравство. Во индина ни остава простор доколку имаме потреба од каков било друг приватен ресор, можеме слободно да побараме ангажман. Карикирам, ако ни требаат булдожери, багери, ако треба да се изгради некакв болница, можеме да побараме од одредена градежна фирма да изгради болница најбрзо што може. Верувам дека нема да имаме таква потреба“, посочи Ангелов.

Потенцираше и дека во овој момент состојбата со заразата е стабилна, немаме нагорна линија и бројот на пациенти се движи со иста динамика. Имаме благ раст, па преку викендите поради помалиот број на тестирани таа бројка паѓа, но во секој случај, истакна Ангелов, како држава ние сме подготвени во следните денови да одговориме на сите потреби за болничко згрижување на кој било болен пациент.

Слични содржини