Вакцината „Фајзер“ е безбедна за луѓето кои веќе биле заразени со коронавирус

од Nikola Popovski
353 прегледи

„Вакцината против коронавирус развиена од „Фајзер“ и „Бионтек“ е безбедна и за луѓето кои веќе имале Ковид-19“, изјавил денес член на бордот на директори на „Бионтек“, д-р Озлем Туречи.

„Вклучивме во нашите испитувања луѓе кои претходно биле и кои претходно не биле заразени со коронавирусот и не видовме никакви разлики во безбедносниот профил“, изјавил Туречи за новинарите за време на брифингот непосредно откако владата на Велика Британија објави дека ја одобрила вакцината, објави Си-Ен-Ен.

Денес, Велика Британија стана првата земја во светот што одобри употреба на вакцината „Фајзер“. Британскиот регулатор MHRA објави дека вакцината е безбедна за дистрибуција. Вакцинацијата на приоритетните групи во Велика Британија може да започне веќе следната недела.

„Вклучивме луѓе кои претходно биле и не биле заразени со коронавирус во нашите испитувања и не видовме никакви разлики во безбедносниот профил“, изјави Туречи за новинарите за време на брифингот непосредно откако владата на Велика Британија објави дека ја одобрила вакцината.

„Фајзер“ минатиот месец соопшти дека нејзината вакцина е ефикасна во околу 95 проценти седум дена по давањето на втората доза кај луѓе кои имале Ковид-19 и кај оние кои немале.

Двете фармацевтски компании на 20 ноември аплицираа за итно одобрување и до американскиата Управа за храна и лекови, ФДА, чиј советодавен одбор ќе одлучува на 10 декември.

Слични содржини