Ерменскиот премиер Никола Пашинјан изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин одиграл исклучителна улога во запирање на крвопролевањето во Нагорно-Карабах.
„Сакам да ја истакнам исклучителната улога на Путин. За време на сите 44 дена воена конфронтација, ние бевме во постојан контакт и разговаравме за неопходните мерки за запирање на крвопролевањето и за заштита на човечките животи“, изјавил Пашинијан на самитот на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДБК).
Тој истакнал дека ќе продолжи тесно да соработува со Путин за решавање на прашањата како што се потрагата по исчезнатите, размената на воени заробеници и размената на остатоците од починатите.
На крајот на септември избувнаа насилни судири во Нагорно Карабах, а на 9 ноември водачите на Ерменија, Азербејџан и Русија потпишаа заедничка декларација за прекин на огнот.
Затоа, азербејџанските и ерменските сили останаа на позициите што ги зазедоа, а руските мировници беа испратени во регионот.
На крајот од септември избувнаа насилни судири во Нагорно Карабах, а на 9 ноември водачите на Ерменија, Азербејџан и Русија потпишаа заедничка декларација за прекин на огнот.
Според потпишаното, азербејџанските и ерменските сили останаа на позициите што ги зазедоа, а руските мировници беа испратени во регионот.