314
Перспективата за европски интеграции на земјите од Западен Балкан беше тема на разговорите помеѓу шефовите на Грчката и Бугарската дипломатија, Никос Денидас и Екатерина Захариева.
Во пресрет на ЕУ Самитот кој се очекува да се случи следната недела, грчкиот министер за надворешни работи со денови извршува континуирани разговори со своите колеги.
„Телефонски разговарав со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева пред ЕУ Самитот. Имавме детална дискусија за последните случувања на Истокот од Медитеранот, но и за поширокиот регион. Во фокусот исто така беше и Европската перспектива на земјите од Западен Балкан“, посочи Денидас на својот Твитер профил.