Захариева: Бугарската дипломатија не погреши со Договорот за добрососедство

од Nikola Popovski

Бугарската дипломатија не погреши. Во 2017 година нашата влада ја покрена темата за Република Македонија во Европската Унија и ова беше прв пат да се случи во Софија. Потпишувањето на Договорот за добрососедство беше историски момент и не случајно сите се повикуваат на него, изјавила денеска во интервју поранешната шефица на бугарската дипломатија и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева.

Според неа, владата на Кирил Петков изгубила многу време водење двојна надворешна политика.

-Да работеа во еден глас, прашањето за францускиот предлог можеше да се реши пред два месеци, смета Захариева во изјавата за „БНТ“.

Захариева посочи дека не станува збор за признавање на македонскиот јазик од Бугарија, а јазичната формула веќе ја има во декларација од 1999 година, реафирмирана со Договорот за добрососедство.

-Декларациите ќе бидат дел од целиот пакет. Не можеме да ги обврземе другите 26 земји во ЕУ да размислуваат како Бугарија, дека нема македонски јази, вели Захариева.

Слични содржини