Захариева: Во авионот на „Рајанер“ имало и бугарски државјанин, мора да испратиме остра реакција до Лукашенко

од Nikola Popovski

„Пренасочувањето на патнички авион од неговата рута со цел присилно слетување во Минск и апсење на одреден белоруски новинар не може да се игнорира без реакција од меѓународната заедница. Мојот поранешен литвански колега Габриелиус Ландсбергис информираше дека во авионот летал граѓанин на Република Бугарија од Атина до Вилнус“, информира поранешната бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за инцидентот со авионот на компанијата „Рајанер“.

Според неа, Република Бугарија мора веднаш да ги повика властите во Минск веднаш да го ослободат авионот и да продолжат да бидат одговорни за ова брутално кршење на меѓународните правила за воздушен транспорт.

Станува збор за приведување на Роман Проташевич, опозициски активист и новинар, кој се соочува со обвиненија во Белорусија, кои може да му донесат 15 години затвор. Тој беше во авионот на Рајанер од Атина, Грција, до главниот град на Литванија, Вилнус, кога го смени курсот меѓу двете членки на ЕУ за да се упати кон Минск. Белоруската државна новинска агенција БелТА објави дека Лукашенко лично наредил борбен авион МиГ-29 да го придружува авионот на Рајанер за да слета во Минск, наводно поради закана од бомба. Официјалните лица подоцна соопштија дека не бил пронајден експлозив во авионот.

Слични содржини