Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох изјави дека мерките за затворање во Германија предизвикале делумен успех, но дека бројот на новоинфицирани сепак е преголем.
– Бројот на новоинфицирани е сè уште на многу високо ниво, ситуацијата е се уште сериозна – рече директорот на Институтот Роберт Кох (РКИ) Лотар Вилер за време на неделното обраќање до јавноста.
Тој истакна дека мерките за затворање воведени на почетокот на ноември го стабилизираа бројот на новоинфицирани, но дека сепак е голем.
РКИ во четвртокот објави дека 22.046 лица биле заразени со коронавирус во последните 24 часа, нешто помалку од пред една недела. „И бројот на загинати од денешните 479 жртви останува висок“, рече Вилер, додавајќи дека бројот на загинатите ќе продолжи да расте.
– Она што го предвидовме се случува: текот на болеста станува се потежок, што особено ги погодува постарите пациенти над 80-годишна возраст. Ние сè уште треба да сметаме на големиот број смртни случаи – рече Вилер, додавајќи дека за ова придонесува и зголемената епидемија на инфекција во старечки домови.
Тој нагласи дека постојаниот голем број на новоинфицирани во локалните институти за јавно здравје доведува до граници на издржливост.
„Повеќе не е секогаш можно да се следи изворот на инфекција кај новозаразени“, рече Вилер.