ВМРО-ДПМНЕ и вечерва протестира и блокира

од Берта Китинска
387 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ  и денеска излезе на протест против, како што велат, поради погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.

На овие протести опозицијата побара оставка од премерот Зоран Заев, но  и повлекување на специјалниот владин претставник за Бугарија, Владо Бучковски. Освен во Скопје, протести се одржуваат и во други градови во земјава.

Претседателот на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), која е дел од коалицијата „За обнова на Македонија“, Стевчо Јакимовски, на протестот пред македонската Влада порача дека граѓаните овие ладни денови се собираат за да го спречат, како што рече, националното предавство, кое неколкумина во Владата сакаат да им го направат на Македонија и на македонскиот народ.

Слични содржини