Од тенџериња заработи милијарди: Никој не разбираше што правам, но јас го имав клучот

од Vladimir Zorba
497 прегледи

Секогаш си поставувам три прашања пред да почнам да работам, а тоа се: што, како и кога, вели Филип Цептер на CEO самитот во Белград, пренесува српски Блиц.

“Околностите го креираат нашето однесување. Во 1985-та година кога ја основав фирмата и почнав со продажба на тенџериња, тоа беше најголемиот нонсенс за многу луѓе. Сакав да промовирам животен стил којшто ќе го промени животот на милиони луѓе, а не да продавам тенџериња. Ние продадовме преку 1,2 милијарди производ во рамки на таа кампања и дојдовме до над 80 милиони купувачи“, вели Цептер.

Тој потсети дека неговите тенџериња своевремено чинеле 300 марки.

“Сите имаа тенџериња, но никој не знаеше дека храната и сè што внесуваме во нас е клучно. Денес по 35 години уживаме во имиџот дека на луѓето им го дадовме она што им е потребно“, вели Цептер.

Тој смета дека коронавирусот не е “крајот на светот“ и дека денес ситуацијата е дури и подобра. Според него, ќе има нови работни места, но ќе бидат потребни нови знаења.

“Доаѓа време кога луѓето нема да сакаат работат, но и кога општеството ќе мора да им обезбеди егзистенција на сите, па дали тоа ќе биде гарантирана сума од 200, 500 или 1.000 евра, зависи од земјата. Ќе има работни места, но гледате и сега колкава е поларизацијата на богатството меѓу богатите и сиромашните“, вели Цептер.

Слични содржини