Новоизбраниот претседател на САД, Џон Бајден посочи дека има надеж дека Трамп ќе присуствува на неговата инаугурација.
Истата е предвидена за 20. јануари, па оттаму Бајден вели дека се надева дека Трамп може да им покаже на сите нации во светот што значи демократијата во САД, како и тоа дека мирно ќе го предаде владеењето.
Но, не стивнуваат реакциите од Трамп и неговиот тим, кои изразуваат скептицизам во врска со оваа објава на Бајден, и стојат на ставот дека вистинскиот победник на овие избори е актуелниот претседател и дека во овој изборен процес станува збор за кражба.
Сепак, Бајден ќе ја почитува, како што кажа одлуката на Трамп по однос на присуството на предавањето на власта.
“Одлуката зависи од него. Нема лични последици за мене, но мислам дека е важно државата да присуствува. Одбивањето да се признае поразот се случува во режими предводени од мали диктатори”, истакна Бајден.