ПРОСЛАВА НА УЛИЦИТЕ ВО ЦРНА ГОРА: Луѓето ја слават новата Влада со знамиња и огномет, се пеат песни за Косово (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

На седницата на црногорскиот парламент беше изгласана новата, 42-ра влада, предводена од премиерот Здравко Кривокапиќ, по што многу граѓани излегоа на улиците да прослават.

Огномет можеше да се забележи и имаше прослави во многу градови каде се вееја знамиња, а возачите минуваа трубејќи и пеејќи.

Да потсетиме, мнозинството пратеници на гласање го поддржаа предлогот на Кривокапиќ за Владата, што го направи премиер, откако положи заклетва

„Се колнам дека ќе ја извршувам својата должност според Уставот и законот, искрено, одговорно и совесно“, гласеше заклетвата на Кривокапиќ.

За новата влада гласаа 41 пратеник, 28 беа против, а еден беше воздржан.

Откако положи заклетва, премиерот им се заблагодари на сите што гласаа и рече дека се надева дека нивната заедничка работа ќе биде во прилог на Црна Гора.

Слични содржини