Рекорден број на новозаразени во Русија: Над 28.000 случаи

од Nikola Popovski
285 прегледи

Бројот на евидентирани случаи на Ковид-19 во Русија се зголеми за рекордни 28.782 во текот на претходниот ден, така што сега вкупниот број на заразени со коронавирус во Русија од почетокот на пандемијата е 2.431.731, објави Оперативниот штаб за борба против вирусот.

Во соопштението се додава дека 20,4 проценти од случаите (5.867 лица) биле без клинички манифестации. Најголем број случаи се регистрирани во Москва (7.993), Санкт Петербург (3.726) и Подмосковје (1.246).

Во последните 24 часа, во Русија починале 508 лица од коронавирус, а од почетокот на епидемијата 42.684 лица.

27.644 лица се отпуштени од болниците, а вкупно 1.916.396 се излечиле од коронавирус од почетокот на пандемијата.

Слични содржини