Бучковски: Со моето именување, Владата испраќа сериозен сигнал за наоѓање на заедничко решение

од Nikola Popovski
304 прегледи

„Мојот мандат е една година. Со тоа Владата покажува дека некои работи не можат да се случат или решат за една недела. Јас сакам да успееме сега, но ако не се случи, остануваме посветени на тоа што е наша заедничка определба – Бугарија да биде нашиот најголем сојузник и промотор за членство на Македонија во ЕУ“, изјави поранешниот премиер и специјален претставник за Бугарија, Владо Бучковски во интервју за „БНР“.

Тој вели нашата упорност е поголема, но разочаран е од тоа што го прават ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

„Со моето именување, Владата испраќа сериозен сигнал за добрососедните односи и дека Македонија сака да најде заедничко решение. Сметам дека чудата можни ако луѓето имаат добра волја“, посочил Бучковски.

Слични содржини