245
„Не е страшно што Апасиев не доаѓа на работа во Парламент, страшно е што не дојде ниту да си го одбрани неговиот предлог кој лично го поднесе а тоа е, предлог декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии“, пишува пратеникот и портпарол на СДСМ, Костадин Костадинов.
„Едно на твитер, друго во парламент, тоа е Апасиев“, додава тој.
Партијата Левица се избори македонско-бугарските односи да се најдат на дневен ред на пленарна седница на Собранието, информираше лидерот на Левица.
На дневен ред во Собранието е ставена предлог Декларацијата на Левица за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии.
„Упорноста и непопустливоста на нашите пратеници се исплатеше. Борбата продолжува, велат од Левица.