Белграѓани се збогуваат со легендарниот Џеј (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
380 прегледи

Легендарниот пејач Џеј Рамадановски почина денеска на 56-годишна возраст. Оваа вест ги погоди сите на Балканот, а вечерашниот амбиент во Белград покажа колку луѓето ја сакаат легендата. Од балконите на зградите во Белград се слушаа неговите познати хитови, со кои граѓаните му оддадоа почит на народната икона, човекот кој ја одбележа историјата на градот.

Новинар од порталот Нова.рс забележа еден од тие моменти, кога жителите на Нов Белград пуштаа хитови како „Iznajmiću sobu sa pogledom na tebe“ и „Gde ću sad, moja ružo“.

Легендарниот Џеј во својата богата и повеќедецениска кариера имаше десетици хитови кои и денес се пеат од Вардар па до Триглав, а голем број познати лица денеска исто така се простуваат со него.

Слични содржини