Емотивно збогување од Џеј: Актерот Сергеј Трифуновиќ го отпеа познатиот хит (видео)

од Nikola Popovski
467 прегледи

„Бесконечен син круг и Џеј во него“ – со овие зборови, актерот и политичар Сергеј Трифуновиќ се прости од великанот на народната музика.

Лидерот на Движењето на слободни граѓани на Твитер објави видео во кое го отпеа познатиот хит на Џеј „Сонце на љубовта“.

Трифуновиќ свиреше на акустична гитара и во придружба на пријател, ја отпеа својата верзија на оваа прекрасна песна, која го направи Џеј познат на музичката естрада.

„За братот Џеј, каде и да е сега“, вели Сергеј на почетокот на песната.

Легендарниот пејач на народна музика почина вчера во неговиот дом во населба Дорчол во Белград, по ненадејни проблеми со срцето.

Најверојатно ќе биде погребан во Алејата на великите на новите гробишта во Белград, што го потврдила и неговата ќерка Марија за српските медиуми.

Слични содржини