Флојд Мејведер најави дека ќе се бори против Логан Пол на 20 февруари. Иако непоразениот шампион претходно најави дека повеќе нема да боксува, сепак повикот за пари беше премногу силен, па Мејведер од пензија ќе дојде со учинок од 50-0 за да се бори против Јутјуберот кој има скор од 1-0.
За потсетување, Мејведер се пензионираше во 2015 година, а во 2017 година се бореше против Конор Мек Грегор, кого го победи.
Долго време се шпекулираше дека ќе има „борба“ со Логан, а сега веќе е и официјализирано.