ВМРО-БНД, бара од бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик, пренесува весникот „24 часа“.
Во писмото испратено од партијата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов до сите електронски медиуми во Бугарија може да се прочита дека „интервјуата на луѓето од Северна Македонија не треба да се преведуваат на бугарски јазик“.
„Бугарската наука недвосмислено го дефинира таканаречениот ‘македонски’ јазик како регионална форма на бугарскиот јазик. Тоа е позиција и на Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науки (БАН). Освен тоа, официјалната политичка позиција на Бугарија во текот на целото независно постоење на Северна Македонија, потврдена и од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, е непризнавање на таканаречениот ‘македонски’ јазик“, стои во писмото.