Австриската покраина Салцбург има намера да вработи само луѓе кои ќе се вакцинираат против Ковид-19 во болниците и домовите за стари лица.
„Во нашите болници веќе постои фактичка обврска за вакцинирање, бидејќи статусот на имунизација се проверува пред вработувањето, а вакцини кои недостасуваат мора да бидат примени подоцна“, објаснил секретарот за здравство и потпретседател на провинцијата Салцбург, Кристијан Стекл.
Тој принцип, додаде тој во изјавата за виенскиот неделник „Профил“, ќе се примени при ново вработување кога ќе се појави вакцината за коронавирус.
Стекл сака задолжителна имунизација против коронавирус не само за болниците и домовите за стари лица, туку и за вработените во градинките и училиштата во Салцбург.
Тој нареди проверка на законските можности. Сепак, не е можно да се воведе задолжителна вакцинација против коронавирус за околу 15,000 луѓе кои во моментов се активно вработени во болници и домови за стари лица.