Првото „Дете на годината“ избрано од магазинот „Тајм“ (видео)

од Nikola Popovski
235 прегледи

За првпат во скоро 100-годишната историја, магазинот „Тајм“ прогласи „Дете на годината“ кое имало најголемо влијание на светот во 2020 година.

Списанието ја избра 15-годишната Гитањали Рао, научничка и пронаоѓач од државата Колорадо.

Девојчето се појави во специјалното телевизиско издание на „Тајм“ за дете на годината во петокот вечерта. Рао била избрана од повеќе од 5.000 номинирани за користење технологија за наоѓање решенија зависноста од опијат и загадувањето на водата за пиење.

Во интервјуто, кое за Тајм го водела актерката Анџелина Џоли, Рао зборувала за нејзиното менторство на другите студенти и за нејзините цели, како што е „создавање глобална заедница на млади пронаоѓачи кои би ги решиле светските проблеми“.

„Учениците со кои работам едноставно не знаат од каде да започнат. Мислам дека ако им дадетеискра, од каде можат да започнат, тогаш сè ќе се промени. Тоа значи дека една личност повеќе на овој свет сака да излезе со идеи за решавање на проблемите“, изјавила Рао и додала:

„Неодамна дојдов до бројка од 30 000 ученици, на кои што им бев менторирка, што е супер возбудливо“.

Таа додала дека имала само 10 години кога на родителите им соопштила дека сака да ја истражува технологијата на јаглерод дикосидот и неговите соединенија во истражувачка лабораторија за квалитет на водата во Денвер.

Ова не е првпат малолетно лице да добие простор во магазинот „Тајм“. Минатата година тоа беше 17-годишната Грета Тунберг, активистка за климатски промени од Шведска.

Слични содржини