ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА БАРАЊА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

од Vladimir Zorba
386 прегледи

Системот за обезбедување бесплатна правна помош дава придонес во развојот на меѓусебната соработка помеѓу граѓанскиот сектор, Mинистерството за правда и физичките лица на начин што се овозможува унапредување на правото на физичките лица на поголем и рамномерен пристап до правдата и правична судска заштита. Новиот Закон за бесплатна правна помош што започна со примена на 1-ви октомври 2019 година има за цел да обезбеди и го промовира правото на поединците на пристап до правда и правична судска заштита.

Бесплатната правна помош е право на лицата кои се во тешка материјална положба да имаат пристап до правна помош и да бидат ослободени од плаќање на трошоци за водење на одредени постапки. Бесплатната правна помош се остварува во услови и постапка утврдени со законот.

Во Министерство за правда во периодот од 01.01.-30.06.2020 година, доставени се вкупно 120 барања за секундарна правна помош.

• 71 барање се одобрени
• 29 барања се одбиени
• 13 барања во постапка
• 5 барања запрени
• 2 повлечени

Во истиот период исплатени се средства како награда на 26 адвокати сума од 709.065,00 денари, како и исплатен е надоместок на 3 овластени здруженија, сума во износ од 34.125,00 денари.

Бесплатната правна помош се остварува како примарна и секундарна правна помош. Примарната правна помош опфаќа правно информирање, советување, помош при пополнување на формулари и претставки и се обезбедува од страна на овластени службени лица на Министерството за правда, овластени здруженија и правни клиники. Во Регистарот кој се води при Министерство за правда регистрирани се 13 oвластени здруженија за давање примарна правна помош. Исто така со започнување на примена на новиот закон за бесплатна правна помош им се даде прилика и на правните клиники, и тие да учествуваат при обезбедување на примарна правна помош, а регистрирани се 6 правни клиники од Правните факултети и универзитети во РСМ.

Слични содржини