Познатиот француски фудбалер Пол Погба ќе го напушти Манчестер Јунајтед, потврди неговиот агент Мино Рајола во изјава за „Тутоспорт“.
Французинот има договор со „црвените ѓаволи“ до летото 2022 година, но за повеќе од четири години во клубот, тој не успеа да се прилагоди на ниту еден менаџер.
Крајот беше сосема очекуван.
„Можам да кажам дека Погба заврши со Манчестер јунајтед“, изјави Рајола за италијански весник.
Во претходниот период, францускиот репрезентативец беше во контакт со Реал Мадрид и Јувентус, но ќе се разговара за специфичните индикации за трансферот.
Погба се врати на „Олд Трафорд“ летото 2016 година, по неколку успешни сезони во Јувентус, но набрзо падна во немилост кај Жозе Мурињо, со кого често доаѓаше во конфликт.
Тој не се согласува и со Оле-Гунар Солскјер во врска со позицијата, па затоа обезбеди слаби партии во повеќето натпревари во кои играше.
За време на викендот постигна гол против Вест Хем во Лондон, недоволно за да го подобри генералниот впечаток.