Димов: Ниеден здравствен систем не се покажа како подготвен

263 прегледи

Во своето гостување во 24 анализа, д-р. Владо Димов инаку екс министер за здравство ја прокоментира едукацијата за здравствените работници пред процесот на вакцинацијата, како и свстските здравствени системи, кои како што вели не се покажаа на високо ниво.

„По шема која е во долгедно време, ние неспорно ќе ја добиеме вакцината.Вакцината има свои специфики. Се започнува затоа со едукацијата, за да не се губи време. Ниеден систем не се покажа спремен, да бидеме реални. Сите варијанти кои ги имаме во главата, сите се пробани, и гледаме дека никаде резултатите не се идеални. Многу е тешко да се најде средината, и да се донесат вистинските мерки. И оние земји кои имаат најсовремена технологија и буџет, имаат смртност на високо ниво“, посочи Димов.

Тој додаде и дека, неспорно како и сите земји СЗО луташе во половичниот хаос, иако релативно брзо ги посочија маските како основно средство за заштита и безбедност од коронавирусот.