Најголемиот непријател на белите заби: Не е кафето, туку многу здрав пијалок

од Stefanija Kuzmanovska
473 прегледи

Сите знаеме дека кафето не е добро за изгледот на забите, т.е. дека е еден од главните виновници за жолтите заби, но она што многумина не го знаат е дека еден многу здрав пијалок е исто така непријател на белите заби.

Станува збор за чаевите, кои, поради одредени соединенија што ги содржат, ја убиваат белината на забите и ги обојуваат во жолтеникава боја.

Иако секој чај влијае на забите на овој начин, стоматолозите се согласуваат дека зелениот чај е најлош во таа смисла затоа што содржи најмногу танини.

Секако, тоа не значи дека треба да престанете да пиете чај, бидејќи штотуку споменатите танини имаат добар ефект врз здравјето – тие штитат од кардиоваскуларни болести, разни видови на рак…

Ако сакате да пиете чај, само продолжете, и за да спречите да ви пожолтат забите, сè што треба да направите е да ги миете најмалку двапати на ден. Покрај тоа, кога пиете чај дома и имате четка и паста за заби при рака, не е полошо да ги миете и тогаш, со цел да спречите танинот да остане на забите.

Слични содржини