591
„Ако сега не го одржиме зборот и со тоа ги зајакнеме националистичките и популистички сили во регионот, тоа исто така ќе има последици по безбедноста и стабилноста на Бугарија. Со тоа го сечете сопственото месо“, вели германскиот државен министер за Европа Михаел Рот за „РНД“, коментирајќи го ветото на земјата за почеток на пристапните преговори на С.Македонија со ЕУ.
Додава дека секое понатамошно двоумење се толкува како слабост на Унијата.
Рот вели и дека Германија како претседавач со ЕУ, прави се за да се осигура дека може да почнат пристапните преговори со првата меѓувладина конференција.
Исто така, наведува дека на масата имало добри предлози, и дека „часовникот не е се уште истечен, ама е крајно време за добро решение“.