Меланија Трамп ги одбројува последните денови во улогата на прва дама на САД – а нејзините модни избори сè уште се без конкуренција.
Дефинитивно ќе ни недостасува Меланија во однос на модата – нејзините комбинации на облека отсекогаш биле елегантни, хармонични, честопати провокативни и енигматични
Секако, помага тоа што таа е една од најубавите први дами во историјата на САД, но Меланија несомнено има одличен вкус кога станува збор за облеката.
Изгледаше сензационално во црвениот кожен капут на британскиот дизајнер Александар Меквин, додека таа и нејзиниот сопруг учествуваа на митинг во Џорџија.
Нејзиното кожен црвен мантил е совршено прилагодено за фигурата на Меланиja и чини неверојатни 6.200 долари. Под палтото, кое беше прикажано на последната ревија на Александар Меквин за сезоната есен / зима во Париз, Меланија носеше едноставен, класичен црн фустан со долги ракави.
Таа покажа дека е вистински мајстор во заокружувањето на аутфитот со избирање на салонки на нејзиниот омилен дизајнер на чевли, славниот Шпанец Маноло Бланик. Овие чевли со смел зебра принт беа одличен контраст со црвената кожа. Тие чинат 875 долари.
Стилистот на Меланија, Ерв Пјер, претходно откри дека првата дама не ја позајмува својата облека од дизајнерот и дека всушност го купува секое парче – дури и кога има намера да го носи во јавноста само еднаш.