На 26. седница на Владата усвоен нацрт-законот за систематизација на административните службеници

212 прегледи

На вчерашната 26. владина седница беше усвоен нацрт-законот за систематизација на административните службеници вработени преку програмата за правична и соодветна застапеност, Програма К-5.

Овој закон има за цел,какошто соопштија од Сектор за односи со јавност на Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, да се реши 10 годишниот наметнат проблем и да се оствари програмата на владата без никакви дополнителни финансиски импликации.

„Административните службеници ќе бидат распоредени во органите на локалната и државната управа, како и во другите државни тела основани во согласност со Уставот и законот“, се вели во испратеното соопштение.

Инаку, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најдоцна во рок од 15 дена по влегувањето во сила на законот, ќе предложи план на Владата за побрзо распределување на Рамковно вработените.

Слични содржини