Рускиот бизнисмен Кирил Шамалов, кој беше оженет со ќерката на рускиот претседател Владимир Путин, доби акции во вредност од 380 милиони долари во руската нафтена компанија за само 100 милиони долари.
Гардијан ги пренесува наводите на рускиот истражувачки портал „Russia’s iStories“, кој фрла ново светло на затворениот круг на семејство и соработници околу рускиот претседател.
Шамалов, инаку син на долгогодишен пријател на Путин, купи значителен удел во Сибур преку оф-шор компанија. Тоа се случи само неколку месеци откако Шамалов се ожени со Катерина Тихонова, научник, која медиумите ја претставуваат како помала ќерка на Путин.
„Едноставно е“, напиша Алексеј Навални, опозициски политичар и антикорупционер. „Ќерката на Путин се мажи, а младенците добиваат подарок од 380 милиони долари“.
Двојката, наводно, потрошила милиони долари за купување и уредување елитни недвижнини во близина на резиденцијата на Путин во Русија и Франција, како што покажаа мејловите кои протекоа, а во кои истражувачката мрежа имала увид.
Тие наведуваат дека парот купил тепих од околу 50.000 фунти и потрошил 5.700 фунти на јапонски книги.
На свадьбе дочки Путина и Кирилла Шамалова гости скидывались на чайный сервиз от Императорского Фарворового Завода. Подыскала на сайте завода идеальный вариант для молодоженов. Семейная реликвия для передачи из поколения в поколение. pic.twitter.com/hPSRKUJmii
— Maria Pevchikh (@pevchikh) December 7, 2020
До неодамна, луксузниот живот на ќерките на Путин, исто како и тие, беше целосно скриен од очите на јавноста.
Во овие мејлови, кои анонимен извор им ги доставил на истражувачките новинари, откриен е круг на млади моќници од Санкт Петербург, кои главно се деца и внуци или на самиот Путин, или на неговите пријатели и колеги од владата
Независните медиуми во Русија се повеќе се занимаваат со љубовниот живот на Владимир Путин. Неодамна беше објавено дека Путин има ќерка со жена која подоцна стана акционер во една од најважните руски банки и дека Путин преку ноќ ја претворил од чистачка во милионер.
Исто така се пишуваше дека поранешна гимнастичарка, за која се шпекулираше дека е девојка на Путин, прима годишна плата во милиони како шеф на медиумска група која го поддржува Кремљ.