230
Новиот кружен тек во Чаир на улицата Кемал Сејфула денеска е раззеленет со 300 садници, а на улицата Втора македонска бригада е подигнат нов дрворед со над 200 висококвалитени дрвја.
Есенското раззеленување се одвива секојдневно низ цело Скопје и вкупното садење ќе биде околу 15.000 восококвалитетни садници што веднаш се вклучуваат во еко системот на градот.
„Некогашните депонии сега ги претвораме во паркови, го обновуваме зеленилото на постојните паркови, а садиме ново и го обновуваме и постојното булеварско зеленило коешто сами можеме да ја видиме разликата како изгледа во последните неколку години“, велат од Град Скопје.