Олбрајт: Трагедија е што Бугарија го искористи членството во ЕУ да ја блокира С. Македонија

од Vladimir Zorba
323 прегледи

„Трагедија е што Бугарија го искористи членството во ЕУ да ја блокира Северна Македонија да ги почне преговорите со Унијата за добивање внатрешно-политички поени, истакнувајќи дека истата грешка со години ја правеше и Грција, но на крајот беше најдено решение за членство во НАТО“, изјави поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, која се осврна на денешното вето од Бугарија врз Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

„Новата американска администрација би требало да го поддржи демократскиот развој на земјите од Балканот“, порача таа на сведочење во Комисијата за надворешни односи во Претставничкиот дом на САД каде се одржа распит за препораките кон Балканот за идната администрација во Вашингтон од новоизбраниот претседател Џо Бајден.

„Потребно е да воспоставиме поцврста соработка со Европската унија во која шест земји од Западниот Балкан сакаат членство. Потребно е да се зголеми соработката против корупцијата која се одразува врз политичките институции и го нарушува владеењето на правото во регионот. Стратегијата треба да помага поединечни држави во реформите и да ги наградува, но и да извршува притисок врз оние кои не спроведуваат реформи“, изјави поранешната државна секретарка на распитот.

Слични содржини