Мистериозната болест во Индија е поврзана со труење со тешки метали

од Nikola Popovski
254 прегледи

Откако повеќе од 350 лица беа хоспитализирани во Индија поради мистериозно заболување, било откриено дека болеста најверојатно е поврзана со труење со тешки метали.

Пациентите имале гадење, вознемиреност, конвулзии и губење на свеста, но имале негативен тест на коронавирус. Според извештаите на индиските медиуми, траги од тешки метали, како олово и никел, биле пронајдени во примероци од крв од најмалку десет пациенти.

– Големината на примерокот што итно ја испративме во лабораторијата беше мала, но нивниот извештај укажува на присуство на тешки метали како олово и никел во крвта на пациентите. Чекаме за обработка на повеќе примероци – изјавил д-р Мохан од болницата во Елур за „Индијан експрес“.

Во болницата моментално има уште 84 пациенти кои наскоро ќе бидат отпуштени од одделот.

Државниот секретар Јаганмохан Реди ја информирал јавноста дека болеста сè уште е од непозната причина и дека специјални медицински тимови работат на истражување на истата.

Слични содржини