Еден од првите вакцинирани Британци: „Нема смисла да умрам сега кога живеев толку долго“ (видео)

од Nikola Popovski
318 прегледи

Британски пензионер за Си-Ен-Ен опиша како му поминал денот пред и откако ја примил вакцината против коронавирус.

Жителот на Лондон, 91-годишниот Мартин Кенион изјави дека прво се јавил во болницата и одговорил на прашањата дали воопшто може да ја прими вакцината, по што му било кажано да дојде во 12:30 часот. Тој прво се пожалил дека нема каде да паркира.
„Не можев да најдам паркинг никаде, затоа доцнев. И ништо, влегов внатре и ме ставија уредно на списокот. После тоа имав многу лош ручек, но се вратив и ја примив вакцината. Тоа воопшто не ме болеше, дури и не знаев дека влегла иглата сè додека не излезе“, изјавил Кенион.

Ги освои социјалните мрежи

Тој се надева дека сега нема да се зарази со „проклетиот вирус“, како што го нарече, додавајќи дека со нетрпение очекува да ги прегрне своето семејство и внуците и дека не му кажал на никој од семејството дека ја примил вакцината.

„Немам намера да се заразам со коронавирус. Па, нема смисла да умирам кога живеев толку долго“, заклучил Кенион.

Масовната вакцинација во Велика Британија започна вчера, а 90-годишната Маргарет Кинан стана првата личност во светот што ја прими вакцината создадена во соработка на „Фајзер“ и „Бионтек“, надвор од фазата на испитување.

Првиот маж што ја прими вакцината, пак, беше 81-годишниот Вилијам Шекспир.

Слични содржини