Богоевски: Внимавајте на дезинформациите кои се шират за вакцината против Ковид-19

од Vladimir Zorba
181 прегледи

„Мој поранешен колега од Собранието, вчера ми покажа доверлив документ во кој пишува дека новите вакцини против Covid ги имаат следните несакани дејства: Улцеративен стоматитис, влошување на колитис и Кронова болест, перфорација или крварење на гастроинтестиналниот тракт (понекогаш и со смртна последица), неспецифични алергиски реакции и анафилактичка реакција, реакции на респираторниот систем, Steven-Jonson-ов синдром, токсична епидермална некролиза, леукопенија, тромбоцитопенија, неутропенија, депресија, конфузија, халуцинации, оптички невритис, асептичен менингитис, пореметување на вид, слух, пореметување на функција на црн дроб, хепатитис, жолтица“,пипува на својот Фејсбук профил екс пратеникот Павле Богоевски.

„Се шегувам, друштво. Ова се само дел од несаканите дејства кои може да се појават при употреба на Ibuprufen, лек кој може да се набави во која било аптека без рецепт. Ако ви се наоѓа по дома, прочитајте го упатството за употреба.

Сите лекови имаат несакани дејства кои може да се појават кај дел од популацијата. Но за воопшто да бидат пуштени во употреба, тој процент мора да е доволно мал за бенефитите на целата популација да бидат многу поголеми од ризикот кој постои од несаканите дејства.

Затоа, мора многу да внимаваме на бројните дезинформации. Вакцината против Covid19 на долг рок може да биде вистински успешнa само доколку ja примат доволен број од нас за да постигнеме колективен имунитет.

Настрана фактот што ефектите за кои вчера предупреди експертот Нонковиќ не се веќе утврдени можни несакани дејства, туку појави кои треба да се следат дали воопшто ќе се случат“, додава тој.

Слични содржини