Гаши: Ние сме тука да помогнеме и да го заштитиме идентитетот на Македонците

358 прегледи

Како партија и коалиција, ние секогаш сме подготвени да помогнеме и да застанеме во одбрана на идентитетот на Македонците, посочи Африм Гаши, претседател на Алтернатива, коментирајќи го спорот помеѓу С.Македонија и Бугарија.

„За тоа како можеме да помогнеме птво мораме да седнеме и да разговараме за барањата на Бугарија. Бланко поддршка не можат да бараат. На бел лист не можеме да дадеме потпис за нешто што не знаеме што е. Не е ниту морално, политички, човечки да се бара таква поддршка. Во однос на принципиелноста, ние сме тука. Нормално дека би застанале во одбрана на изјаснувањето на нашите сограѓани. Како што тие се изјаснуваат, така ние ги поддржуваме“, истакна Гаши на пресот посветен на 100 дена Влада.

Слични содржини