Даскаловски: Во владата владее неконзинстентност во процесот со Бугарија

248 прегледи

Во рамки на своето гостување во 24 анализа, универзитетскиот професор, Жидас Даскаловски, ја коментираше денешната изјава на премиерот Заев во однос на блокадата на Бугарија.

Имено, професорот вели дека е ова хаос и неконзинстентност од страна на Владата во овој процес.

„Кога ја разбранувате јавноста со едно интервју во БГНЕС, а денес зборувате дека сме Македонци, во една ситуација лажете. Штетно е интервјуто бидејќи не придонесува да мрднеме од мртва точка. Ние го чекаме март, а што чекаме, да замине Борисов или да победи на претстојните избори. Ова е еден хаос, и смешно е да кажувате дека сте навредени, а истото го правеше и Грција пред која потклекнавте. Се работи за една неконзинстентност“, потенцира Даскаловски.

Слични содржини