Русија: Речиси 28.000 новоинфицирани со Ковид-19

од Nikola Popovski
168 прегледи

Бројот на регистрирани лица заразени со коронавирусот во Русија е зголемен за 27.927, така што вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата сега изнесува 2.569.126, објави Оперативниот штаб за борба против вирусот.

Во соопштението се наведува дека 18,9 проценти од случаите (5.283 лица) се без клинички манифестации.

Најголемиот број случаи повторно е забележан во Москва, Санкт Петербург и московскиот регион.

Во последните 24 часа, 562 лица починаа поради тешки компликации со вирусот, а вкупно 45.280 лица починале од почетокот на пандемијата во Русија.

Слични содржини