590
Марија Рамадановски, ќерката на Џеј Рамадановски, сподели емотивна порака посветена за нејзиниот татко на Инстаграм.
Имено, Марија сподели една од пораките што се шират на социјалните мрежи, а е составена од имиња на некои од најголемите хитови на Џеј.
„Дојде таа недела, поради која запаливме свеќи за тебе. Ветровите ме кршат со денови, дури и фонтаната Славија не работи, но сепак сме деца на среќата“, гласи пораката што Марија ја објави на своето стори на Инстаграм.
Веста за смртта на Џеј го потресе целиот регион, а социјалните мрежи беа преплавени со проштални пораки, неговите песни и емотивни зборови посветени за него.
Неговата ќерка Марија многу тешко ја издржа смртта на нејзиниот татко затоа што беше многу приврзана за него.