Министерот за здравство Венко Филипче, денеска оствари средба со академик Љупчо Коцарев претседател на МАНУ.
-МАНУ е една од клучните институции во справувањето со ковид пандемијата. Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 брисеви, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од PCR тестови. Оваа установа ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ „8 Септември“, и болниците во Кичево и Дебар. На денешната средба со академик Љупчо Коцарев претседател на МАНУ разговаравме за пандемијата од Ковид-19, за зголемување на капацитетите на лаборатиријата, како и за работата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, каде се обработуваат ковид тестовите, информираше Филипче.