Фармацевтската компанија „Модерна“ објави дека, во вториот дел од последната фаза на тестирање, им ја дала првата доза на вакцината на кандидатите кои припаѓаат на возрасна група помеѓу 12 и 18 години.
Тестирањето се спроведува во соработка со биомедицинското напредно тело за истражување и развој (БАРДА), кое е дел од Министерството за здравство на САД, објави Ројтерс.
„Задоволство ние да објавиме дека започнавме со вториот дел од последната фаза на тестирање кај здрави адолесценти во САД. Нашата цел е да собереме доволно податоци до пролетта 2021 година за да ја одобриме употребата на нашата вакцина подоцна во учебната година“, изјавил Стефан Бансел, извршен директор на „Модерна“.
Планирано тестирање на 3.000 тинејџери
Тој додал дека е охрабрен од прелиминарните резултати и анализите на третата фаза на тестирањето на лицата над 18 години, додека тестирањето кај тинјеџерите значително помогнало да се осигури безбедноста и ефективноста на вакцината кај помладата популација.
„Се надеваме дека ќе можеме да доставиме безбедна вакцина и да им дадеме заштита на адолесцентите за да можат да се вратат на училиште во нормални услови“, вели Бансел.
„Модерна“ планира да тестира 3.000 адолесценти во САД со две дози во временски период од 28 дена.