Иако го одложија датумот на венчавање од септември 2021 година на 2022 година, поради моменталната здравствена состојба што го снајде светот, 21-годишниот Бруклин Бекам и неговата четири години постара вереница Никол Пелц не престанаа да ја планираат венчавката.
Според извори блиски до парот, парот веќе има потпишано предбрачен договор, сè со цел да се заштити богатството на нивните семејства, откако и самите ќе станат сопружници. Така, откриено е дека во договорот стои дека ако се разведат по свадбата, ќе го напуштат бракот само со работите со кои и влегле во бракот, а тоа вклучува приходи и недвижен имот.
И додека богатството на родителите на Бруклин, поранешната пејачка, денес дизајнерката Викторија Бекам и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, се проценува на околу 335 милиони фунти, богатството на родителите на Никол Пелц е околу 1,1 милијарда фунти, и тоа е само она што е во банките.
„Одлуката на Бруклин и Никол да го потпишат договорот беше заедничка. Тој зад себе има искуства со девојки кои биле со него само затоа што е Бекам и има пари, па не е изненадување што неговите родители се воодушевени што ја пронајде Никол, која го сака за тоа што е. Не и требаат неговите пари“, рече изворот, додавајќи:
„Ништо комплицирано – во случај на развод, двете страни ќе излезат од бракот со она што го внеле во него.