Зголемен бројот на термини за вакцинација против сезонски грип

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Од денеска е зголемен бројот на термини за вакцинација против сезонски грип, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Вакцинацијата се одвива во 6 скопски поликлиники Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.

– Мој термин утрово отвори 1.800 термини за Скопје за период од една недела, почнувајќи од денеска, петок, понеденик, вторник и среда, а попладнево ќе се пуштат уште дополнителни 1080 термини за деновите – сабота, четврток и петок, вели Филипче.

Дистрибуцијата по останатите градови е во тек и граѓаните дополнително ќе бидат информирани за отворените термини за вакцинација.

Слични содржини