Македонија потрошила 1.099.000 долари за увоз на вино во 2019-та

од Vladimir Zorba
284 прегледи

Македонија е 166-та земја во светот по увоз на вино во 2019-та година, со потрошени 1.099.000 долари или 61,1% повеќе во однос на 2018-та година. Од друга страна, Македонија минатата година од извоз на вино инкасираше 51,8 милиони долари или 13,9% од вкупниот извоз на глобално ниво.

Во светот минатата година увозот на вино изнесуваше 37 милијарди долари, што е 3,3% помалку во однос на 2018-та година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем увозник во светот се САД со 6,5 милијарди долари или 17,6% од вкупниот увоз. Меѓу петте најголеми увозници на вино лани беа и: Велика Британија (4,4 милијарди долари), Германија (2,9 милијарди долари), Кина (2,4 милијарди долари) и Канада (1,9 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем увозник на вино лани беше Грција со над 54 милиони долари. Потоа следат: Хрватска (37 милиони долари), Србија (30,8 милиони долари), Бугарија (23,5 милиони долари), Босна и Херцеговина (19,2 милиони долари), Словенија (15,4 милиони долари) и Албанија (11,8 милиони долари).

Слични содржини