Џонсон: Има големи шанси да нема договор со ЕУ

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денес дека постои „голема можност“ Велика Британија да не постигне трговски договор со ЕУ по Брегзит.

Премиерот рече дека компаниите и јавноста сега треба да се подготват за таков исход, иако неговиот тим ќе продолжи со разговорите со ЕУ. Но, тој предупреди дека преговорите сè уште не ја достигнале посакуваната точка, пренесува Гардијан.

Џонсон го изјави ова откако вчера не вроди со плод неговата средба со претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Слични содржини