„Волстрит журнал“: Контраст на рекордниот кинески извоз и американската епидемија

од Vladimir Zorba
222 прегледи

Скоро никој за време на жестоката трговска војна не очекуваше дека кинескиот извоз ќе го сруши рекордот во 2020 година, се вели во написот на Волстрит журнал, објави кинеската медиумска група (ЦМГ).

Во написот објавен на 8 декември, со наслов „Контраст на рекордниот кинески извоз и американската епидемија“, се вели дека кинескиот извоз се зголемил за 21,1 процент во ноември во споредба со истиот период минатата година, што е најбрз раст од 2011 година.

Извозот на мобилни телефони се зголеми за околу осум милијарди долари во ноември во споредба со октомври оваа година.

Кинескиот извоз се зголеми на почетокот на 2020 година поради глобалната побарувачка за медицински материјали. Сепак, во моментов главниот „мотор“ на извозот се електронски производи, како што се компјутерите.

Слични содржини