САД во четвртокот го егзекутираа осудениот криминалец Брендон Бернард (40), и покрај гласните протести. Меѓу оние кои се бореа за неговиот живот беше и Ким Кардашијан Вест, која цел ден одбројуваше до егзекуцијата и откри дека се слушнала со него на телефон.
„Сега не сум добро. Го убија Брендон. Тој го реформираше својот живот. Тој беше полн со надеж и позитивен до крај. Жал му е што повреди други. Додека беше на своето столче, ме повика неговиот адвокат кој го направи последниот повик со него. Тој ми рече дека Брендон рекол дека ме сака и сака да ми се заблагодари. Тој рече дека не чувствува клаустрофобија на своето столче“, напиша Ким откако дозна за веста за егзекуцијата.
Пет часа порано, таа напиша дека разговарала со Бернард за последен пат и дека тоа ѝ било најтешкиот повик досега.
“Несебичен како и секогаш, помисли на своето семејство и се загрижи дали се добро. Ми рече да не плачам затоа што борбата не е завршена. Кога ми рече дека е клаустрофобичен и му понудиле седатив за да го смират пред да заврши на столицата и дека не сака да паничи, се изгубив. Морав да го исклучам микрофонот на мојот телефон за да не ме слуша како плачам“, напиша таа.
Бернард беше осуден на смрт во 2000 година, заедно со неговиот соучесник Кристофер Виалва, за кражба на автомобил и убиство на Тод и Стејси Бегли на оддалечениот дел од воената база Форт Худ во близина на Килин, Тексас.
Виалва го киднапираше и застрела парот од непосредна близина, додека тие лежеле во багажникот на автомобилот. Потоа Бернард го запалил автомобилот. За време на злосторството, Бернард имал 18 години, а Виалва 19 години. Тројцата други вклучени во киднапирањето и убиството не биле полнолетни кога се случило злосторството и избегнале смртна казна. Двајца веќе се ослободени од затвор.